| Средба со претседателот на Владата на Црна Гора Мило Ѓукановиќ | |
|
|
На средбата беше констатирано искреното пријателство и високото ниво во односите меѓу двете земји, кои во континуитет бележат позитивен развој, за што потврдуваат и оваа посета на премиерот Ѓукановиќ на Република Македонија и претстојната посета на Претседателот Иванов на Црна Гора која ќе се реализира во почетокот на ноември оваа година. На средбата се разговараше и се истакна задоволството за денеска потпишаните билатерални спогодби со кои уште еднаш се потврди блиската соработка на двете земји како на економско поле, така и на полето на политичкиот дијалог. Претседателот Иванов и премиерот Ѓукановиќ разменија мислења за понатамошна соработка и развивање на прашањата за соработка на регионален и мултилатерален план, соработката за НАТО и ЕУ интеграцијата на двете земји. Двајцата соговорници констатираа дека Македонија и Црна Гора, споделувајќи идентична визија за интеграцијата во евро-атлантските структури, се посветени на регионалната соработка и на градењето на добрососедски односи и во таа насока се согласија за натамошна взаемна поддршка во интегративните процеси.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска го прими претседателот на Владата на Црна Гора, г-дин Мило Ѓукановиќ.










