Писмо од Заменик претседателот на С.Р. Виетнам Н.Е. г-ѓа Нгујен Ти Зоан
Среда, 10 Декември 2014   

vietnam_4Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, доби писмо од Заменик претседателот на Социјалистичка Република Виетнам Н.Е. Нгујен Ти Зоан по повод нејзината официјална посетата на Република Македонија.


Jaс и делегацијата на Социjалистичка Република Виетнам го напуштивме убавиот главен град Скопје, и успешно ја завршивме официјалната посета на Република Македонија со топли чувства и незаборавни сеќавања за државата и граѓаните на Македонија. Би сакала да изразам искрена благодарност до Вас г. Претседател, и до Македонските лидери и граѓаните за гостопримството, топлото добредојде и внимателниот пречек.

Верувам дека оптимистичките резултати од мојата посета, особено потпишувањето на Договорот за економска соработка и Договорот за визно ослободување за носителите на дипломатските или службени /официјални пасоши ќе помогнат за натамошно зајакнување и подобрување на традиционалното пријателство и соработка меѓу нашите две држави.

Се вратив во Виетнам со топлото добредојде и незаборавните сеќавања за убавата држава, како и за гостопримливоста на граѓаните на Македонија и светлата перспектива на билатералните односи меѓу двете држави.

Јас користам ова можност да и посакам:

Просперитет и развој на Република Македонија!

Постојано консолидација и раст на традиционалното пријателство и соработка меѓу Виетнам и Македонија!

Добро здравје и голем успех на Вас г. Претседател и на македонските лидери!

Нгујен Ти Зоан,
Заменик претседател на Социјалистичка Република Виетнам

  Back<<Назад