Претседателот Иванов се сретна со британските парламентарци Причард и Бинли
Вторник, 07 Октомври 2014   

prm_Pricard_BinliПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со членовите на Парламентот на Обединетото Кралство г. Марк Причард и г. Брајан Бинли.

На средбата со британските пратеници, беше разговарано за билатералните односи меѓу двете земји, како и за европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Претседателот Иванов изрази задоволство од принципиелната поддршка од страна на Обединетото Кралство за македонските стратешки цели, оценувајќи ги позитивно досегашните севкупни билатерални односи. Во тој контекст македонскиот претседател поздравувајќи ја соработката меѓу двата парламента, изрази подготвеност за натамошно унапредување на соработката помеѓу двете земји во сите сфери од заеднички интерес, како и за одржување на континуитет во политичкиот дијалог на сите нивоа.

Во однос на нашите евроатлантски интеграции, македонскиот претседател, истакна дека нашата држава останува целосно посветена на спроведување на реформите за членство во ЕУ и во НАТО, дополнувајќи дека поддршката од Обединетото Кралство е од особено значење.

Пратениците Причард и Бинли, искажаа поддршка во однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО, и се заблагодарија за придонесот што Македонија го дава со учеството во мировните мисии, дополнувајќи дека членството на Македонија во НАТО ќе претставува значаен чекор за стабилноста на регионот.

На средбата беа разменети и мислења и информации поврзани со актуелните состојби и предизвици во регионот на ЈИЕ.
prm_Pricard_Binli_1

  Back<<Назад