Честитка од претседателот Иванов до припадниците на Еврејската заедница по повод одбележувањето Рош Хашана, еврејска Нова Година
Вторник, 23 Септември 2014   

PRMportretПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод одбележувањето на Рош Хашана еврејската Нова Година, упати честитка до г-ѓа Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејска заедница во Република Македонија, и до членовите и припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија.

Почитувана г-ѓо Николиќ,

Ми претставува чест и задоволство, Вам и на сите припадници на Еврејската заедница во нашата земја да Ви упатам искрени честитки по повод одбележувањето на Рош Хашана.

Прославувајќи ја eврејската Нова година, во претстојните денови Ви посакувам година на среќа, благосостојба и меѓусебно почитување. Почитувајќи ги културните и религиските разлики да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава.

Славејќи ја годината што следи, според еврејскиот обичај, се слави вистината и добрите дела, затоа повикувам сите заедно да ги славиме позитивните вредности кои нè зближуваат и нè поврзуваат. Верувам дека и во иднина, како и досега, припадниците на Еврејската заедница ќе даваат активен придонес во напредокот на нашата земја.

Честитајќи Ви го прославувањето на Новата година, Ви посакувам празничните денови да Ви бидат исполнети со благодат, среќа и радост, а на сите припадници на Еврејската заедница им посакувам мир, спокој и меѓусебна доверба и пријателство.

Шана Това

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад