Проштална средба со амбасадорот на Канада Н.Е. Руман Вашчук
Среда, 03 Септември 2014   

CAD_3Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Канада во Република Македонија, Н.Е. Руман Вашчук.

Двајцата соговорници изразија задоволство од севкупните односи на двете земји кои ги карактеризира позитивна развојна динамика без отворени прашања, континуиран политички дијалог, зајакнати билатерални контакти и значајна соработка во повеќе области од заемен интерес.

Претседателот Иванов изрази благодарност за личниот ангажман и придонес на амбасадорот Вашчук во развојот на билатералните односи и интензивирањето на соработката помеѓу двете земји, реафирмирајќи ја нашата подготвеност за зајакнување и продлабочување на политичките односи, и зголемување на соработката во сите сфери од заемен интерес.

Амбасадорот Вашчук се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од соработката со сите македонски институции.

Двајцата соговорници ја истакнаа и значајната улога на македонската иселеничка заедница во Канада, како врска меѓу двете земји што и натаму треба да се одржува и зацврстува.

  Back<<Назад