|
Телеграма со сочувство до бугарскиот претседател Плевнелиев по повод поплавите во градот Варна
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство до Претседателот на Република Бугарија, г. Росен Плевнелиев по повод катастрофалните поплави што го погодија градот Варна.
Почитуван Претседателе,
Со жалење ја примив веста за катастрофалните поплави кои го погодија градот Варна и предизвикаа вистинска трагедија во Вашата земја. Искрено жалам за загубените животи од оваа ужасна природна непогода.
Нема соодветни зборови кои ќе ја намалат Вашата и тагата на граѓаните на Република Бугарија, но дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви ги пренесам изразите на длабоко сочувство.
Воедно, Ве молам, Ваша Екселенцијо, да го пренесете моето најдлабоко сочувство до семејствата на настраданите.
Со изрази на длабока почит,
д-р Ѓорге Иванов
|