Честитка до Неговото Величество Фелипе VI Крал на Шпанија, по повод стапување на шпанскиот престол
Петок, 20 Јуни 2014   

Spanski_kralПретседателот на Република Mакедонија, д-р Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Неговото Величество Фелипе VI, Крал на Шпанија, по повод стапување на шпанскиот престол.

Ваше Величество,

Имам особена чест и задоволство, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија, да упатам срдечни честитки по повод Вашето стапување на шпанскиот престол.

Цврсто сум убеден дека сo Вашата посветеност, лидерство и модерна визија ќе прoдолжи натамошниот севкупен напредок на Кралството Шпанија.

Дозволете ми, во овие историски мигови, да го поздравам постојаниот подем во развојот на односите и соработката меѓу нашите две пријателски држави, и да подвлечам дека Република Македонија е целосно подготвена за внесување на нова енергија за натамошно унапредување на севкупните односи со Кралството Шпанија.

Со такво уверување, Ваше Величество, Ви ги пренесувам изразите на моето највисоко почитување.

д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад