Средба со г. Герт Хајнрох Аренс, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски и парламентарни избори
Среда, 19 Март 2014   

arens1Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со г. Герт Хајнрох Аренс, шеф на делегацијата на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претстојните претседателски и парламентарни избори во Република Македонија.

На средбата, претседателот Иванов искажа увереност дека Република Македонија, и во претстојниот период ќе покажа капацитет за спроведување на изборите и изборниот процес во согласност со европските стандарди.

„Очекувам, како и секогаш досега, изборниот процес да помине во најдобар ред и во демократска атмосфера, но морам да истакнам дека сите учесници во изборниот процес носат политичка одговорност и должност да ги почитуваат изборните правила и закони", истакна претседателот Иванов.

На средбата беше изразено задоволство што најголем дел од досегашните препораките на ОБСЕ/ОДИХР се прифатени, и истите ќе бидат имплементирани. Претседателот Иванов посочи дека Република Македонија го цени присуството на набљудувачката мисија на ОБСЕ, како и нивните предлозите со цел подобрување на изборното законодавство во земјава.

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ го запозна претседателот Иванов со нивните претстојни активности поврзани со изборниот процес и разменија мислења околу улогата на одделни сегменти и чинители во изборниот процес.

Македонскиот претседател изрази уверување дека мисијата на ОБСЕ, како и досега, професионално ќе ја извршува својата задача во рамките на својот строго утврден мандат.

arens2

  Back<<Назад