Проштална средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Цуј Џивеи
Петок, 14 Март 2014   

kinezПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Н.Е. Цуј Џивеи.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарноста за досегашниот ангажман на амбасадорот Џивеи во унапредувањето на односите и соработката меѓу Република Македонија и Народна Република Кина и му посака успех во натамошната кариера.

Заедничка констатација на претседателот Иванов и амбасадорот Џивеи е дека односите и соработката меѓу двете земји бележат највисоко ниво од воспоставувањето на дипломатските односи.

Претседателот Иванов и амбасадорот Џивеи се согласија дека во иднина двете земји треба да се фокусираат кон натамошно унапредување економската соработка.

  Back<<Назад