|
Проштална средба со апостолскиот нунциј, надбискупот Јануш Болонек
|
|
Понеделник, 16 Декември 2013
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими апостолскиот нунциј, надбискупот Јануш Болонек.
Претседателот Иванов се заблагодари за досегашниот ангажман на надбискупот Јануш Болонек во унапредување и негување на односите меѓу Република Македонија и Светиот Престол.
На средбата беше потврдена силната поврзаност меѓу Република Македонија и Светиот Престол и меѓусебното разбирање, при што беа разменети и мислења околу можната реализација на одредени иницијативи кои би допринеле за јакнење на пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светиот Престол.
Надбискупот Јануш Болонек ги поздрави континуираните заложби на претседателот Иванов за јакнење на меѓу-религискиот дијалог, толеранцијата и почитувањето на различностите во Република Македонија.
|