Проштална средба со апостолскиот нунциј, надбискупот Јануш Болонек
Понеделник, 16 Декември 2013   

vatikanПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими апостолскиот нунциј, надбискупот Јануш Болонек.

Претседателот Иванов се заблагодари за досегашниот ангажман на надбискупот Јануш Болонек во унапредување и негување на односите меѓу Република Македонија и Светиот Престол.

На средбата беше потврдена силната поврзаност меѓу Република Македонија и Светиот Престол и меѓусебното разбирање, при што беа разменети и мислења околу можната реализација на одредени иницијативи кои би допринеле за јакнење на пријателството и соработката меѓу Република Македонија и Светиот Престол.

Надбискупот Јануш Болонек ги поздрави континуираните заложби на претседателот Иванов за јакнење на меѓу-религискиот дијалог, толеранцијата и почитувањето на различностите во Република Македонија.

  Back<<Назад