Проштална средба со амбасадорот на ФР Бразил, Н.Е. г. Вашингтон Луис Переира де Суса Нето
Понеделник, 25 Ноември 2013   

brasilПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими Н.Е. г. Вашингтон Луис Переира де Суса Нето, амбасадор на Федеративна Република Бразил.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за дипломатската мисија на амбасадорот де Суса Нето и очекување дека одличните билатерални односи меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат во сите области од заемен интерес.

Во тој контекст, претседателот Иванов изрази интерес за подобрување на економската соработка и зголемување на трговската размена, како и за привлекување на бразилски инвестиции во Република Македонија.

Истакнувајќи ја добрата соработка меѓу двете земји во мултилатерален контекст, претседателот Иванов изрази очекување за идна соработка и меѓусебна поддршка во меѓународните организации.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења и информации околу актуелните случувања во двете земји, регионот, како и во Латинска Америка.

  Back<<Назад