|
Проштална средба со амбасадорот на Комонвелтот Австралија, Н.Е. г-ѓа Хелена Стадерт
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба ја прими Н.Е. г-ѓа Хелена Стадерт, амбасадор на Комонвелтот Австралија.
На средбата, претседателот Иванов изрази задоволство од досегашната соработка со амбасадорката Стадерт, и й посака успех во натамошната кариера.
Двајцата соговорници, оценија дека билатералните односи меѓу двете земји се пријателски и бележат континуиран позитивен развој. Во однос на натамошната соработка, македонскиот претседател го истакна интересот и подготвеноста за натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на сите нивоа, вклучувајќи и највисоко, како и потребата од фокусирање на вниманието во претстојниот период на зголемувањето на економската соработка, трговската размена и на привлекувањето на австралиските инвестиции во Република Македонија.
Претседателот Иванов посочи дека бројната македонска заедница во Австралија е мостот што секогаш ќе ги поврзува двете земји и претставува голема предност за понатамошно развивање и продлабочување на односите.
На средбата, беа разменети мислења и информации околу стратешките цели на Република Македонија и за актуелните случувања во двете земји.
|