|
Заедничка определба за негување на добрососедството - проштална средба со албанскиот амбасадор, Н.Е. Арбен Чејку
|
|
Четврток, 14 Ноември 2013
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Н.Е. Арбен Чејку.
На средбата, двајцата соговорници изразија задоволство од севкупниот досегашен развој на билатералните односи, кои континуирано бележат позитивен и нагорен тренд, и изразија уверување дека политичките и економските односи и во наредниот период ќе се негуваат и унапредуваат.
Претседателот Иванов изрази задоволство што двете земји споделуваат идентична визија и приоритети за иднината, како што се негувањето на добрососедството, регионална соработка, и соработката и взаемната подршка во евроатлантските интеграции.
Амбасадорот Чејку се заблагодари за укажаното гостопримство во текот на неговиот мандат и изрази задоволство од соработката со сите македонски институции.
|