|
Претседателот Иванов упати честитка по повод Денот на независноста на Република Полска
|
|
Понеделник, 11 Ноември 2013
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Денот на независноста на Република Полска, упати честитка до Претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски.
Во името на граѓаните на Република Македонија и во мое име, со особено задоволство, Ви го честитам Денот на независноста на Република Полска и Ви упатувам најискрени желби за натамошен просперитет на Вашата земја и благосостојба на нејзините граѓани. Изразувајќи задоволство од досегашниот успешен развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Полска, убеден сум дека со наш заеднички ангажман, во духот на пријателството и меѓусебното разбирање, можеме да дадеме дополнителен поттик за натамошно унапредување на односите и интензивирање на соработката во разни сфери од заемен интерес.
И во оваа пригода сакам уште еднаш да изразам благодарност за поддршката од Република Полска, во реализацијата на стратешките цели на мојата земја за зачленувањето во Европската Унија и во НАТО. Република Македонија и нејзините граѓани високо ја ценат таквата принципиелна поддршка. Примете ги почитуван господин Претседател, изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|