Амбасадорот Аиво Орав го предаде извештајот за напредок на Република Македонија за 2013 година
Среда, 16 Октомври 2013   

oravПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими амбасадорот Аиво Орав, Шеф на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија.

На средбата, амбасадорот Орав на претседателот Иванов му го врачи Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2013 година, подготвен од Европската комисија и информираше за клучните оценки во истиот.

Претседателот Иванов, изразувајќи задоволство од потврдената препорака за подготвеноста на Република Македонија за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакна дека Извештајот на Европската комисија и оваа година, дава реална слика на сработеното и на постигнувањата на земјата.

Амбасадорот Орав изрази надеж дека реформскиот процес во земјава ќе продолжи и дека Република Македонија што поскоро ќе ги отпочне преговорите за членство во Европската унија.

Претседателот Иванов рече дека посветеноста кон реформските процеси останува високо на агендата на Македонија и изрази надеж дека на следниот Европски совет, членките на ЕУ ќе покажат лидерство и решителност.

„Крајно време е Република Македонија да ја продолжи интеграцијата, крајно време е на Република Македонија да и се овозможи паралелно движење. Статус-кво состојбата никому не носи ништо добро. Нема поголем и посилен импулс за реформите и надминување на слабостите, од почеток на преговорите", заклучи на средбата претседателот Иванов.

orav1

  Back<<Назад