Проштална средба со амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Н.Е. г. Фабио Кристијани
Петок, 16 Август 2013   

italijanecПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Италијанската Република во Република Македонија, Н.Е. г. Фабио Кристијани.

На средбата, претседателот Иванов изрази благодарност за придонесот на амбасадорот Кристијани во развојот на билатералните односи и интензивирањето на соработката помеѓу двете земји и искажа очекување дека традиционално блиските и пријателски односи со Италијанската Република ќе продолжат и во иднина, со проширување на соработката во сите сфери од заеднички интерес.

Македонскиот претседател изрази надеж дека Република Македонија и во наредниот период ќе може да смета на поддршката од Италијанската Република во однос на евроатланските интеграции, додавајќи дека Република Македонија треба да добие можност и самата да придонесе кон позитивниот тренд на Балканот, со тоа што ќе и биде доделен датум за почеток на преговори со Европската унија.

На средбата, двајцата соговорници го реафирмираа интересот за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји и соработката на мултилатерален план.

Заблагодарувајќи се за досегашниот ангажман и добрата соработка, претседателот Иванов на амбасадорот Кристијани му посака успех во натамошната работа, и воедно упати поздрави до претседателот на Италијанската Република, г. Џорџо Наполитано, со очекување за скора средба.

  Back<<Назад