Средба со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ
Сабота, 10 Август 2013   

VujanovicПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, вчера, во Котор, Црна Гора, оствари средба со претседателот на Црна Гора, г. Филип Вујановиќ, на чија покана македонскиот претседател престојува во посета на Црна Гора.

На средбата, двајцата претседатели разменија мислења и информации за можностите за продлабочување на билатералната соработка, за процесот на евроатланските интеграции и за регионалната соработка и изразија задоволство од традиционално блиските и одлични политички односи меѓу двете земји.

Двајцата претседатели разменија мислења за актуелните случувања во регионот и го потврдија интересот за продолжување на тесната соработка во рамки на меѓународните институции.

  Back<<Назад