Посета на Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија
Вторник, 30 Јули 2013   

NATOkancПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска ја посети Канцеларијата за врски на НАТО во Република Македонија.

За време на посетата, претседателот Иванов се сретна со полковник Александар Александров, началник на Канцеларијата за врски на НАТО. Македонскиот претседател беше информиран за активностите и работата на канцеларијата за врски.

Претседателот Иванов и полковникот Александров разговараа за нивото на соработка меѓу Република Македонија и НАТО, при што беше оценето дека односите се на исклучително високо ниво. Особено е истакнат придонесот што Република Македонија го дава во рамки на мировните мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина и Либан.

За време на средбата, претседателот Иванов истакна дека Република Македонија останува посветена на аспирациите за членство во НАТО, за што веќе се исполнети сите објективни критериуми. Македонскиот претседател порача дека Република Македонија ќе продолжи да го дава својот придонес за стабилноста на регионот и пошироко, преку учество во меѓународните мирновни мисии.

  Back<<Назад