Емирот на Државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани и Хамад бин Калифа ал-Тани се заблагодарија на претседателот Иванов за упатените честитки
Петок, 05 Јули 2013   

katar4Емирот на Државата Катар, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани и неговиот татко, кој му ја предаде должноста Емир на Државата Катар, Хамад бин Калифа ал-Тани, упатија писма со благодарност до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, за честитките кои ги упати македонскиот претседател по повод преземањето и предавањето на функцијата Емир на Државата Катар.

Во продолжение се упатените писма до претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов.

Ваша Екселенцијо,

Дозволете ми, во име на народот на Државата Катар и во мое лично име, да искажам, Ваша Екселенцијо, искрена благодарност и почит за Вашите срдечни поздрави и честитки за моето преземање на функцијата Емир на Државата Катар како и да Ви ги упатам моите најискрени желби за Ваше добро здравје и поголема благосостојба и напредок на Вашиот народ.

Во оваа прилика би сакал да Ве уверам за нашата желба за натамошно јакнење на билатералните односи меѓу нашите две земји во иднина.

Ве молам примете ги изразите на моето највисоко почитување.

Тамим бин Хамад ал-Тани
Емир на Државата Катар

Ваша Екселенцијо,

Со задоволство ја примив Вашата љубезна порака по повод преземањето на функцијата од страна на Неговото Височество, Шеик Тамим бин Хамад ал-Тани.

Многу ги ценам Вашите посебни чувства кон мене и Ви ги упатувам моите најискрени желби за Ваше добро здравје и постојан напредок и благосостојба на Вашиот пријателски народ.

Ве молам примете ги изразите на моето највисоко почитување.

Хамад бин Калифа ал-Тани

  Back<<Назад