|
Проштална средба на претседателот Иванов со претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, г. Шелдон Јет
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими претставникот на УНИЦЕФ во Република Македонија, г. Шелдон Јет.
На средбата, претседателот Иванов изрази задоволство од досегашната соработка на УНИЦЕФ со сите институции во Република Македонија и нивниот придонес во создавањето мрежа меѓу надлежните институции и организации, граѓани и домашни и странски експерти, кои работат на подобрување на животот на децата.
Воедно, македонскиот претседател се заблагодари за посветеноста на Канцеларијата на УНИЦЕФ на прашања од интерес за децата, од аспект на нивното образование, здравство и социјална заштита, со цел подобрување на нивните права и квалитетот на живот во Република Македонија.
|