|
Средба со почесниот конзул на Република Македонија во Јапонија, г. Масатаке Мацуда
|
|
|
Претседателот на Република Македонија,д-р Ѓорге Иванов, денес оствари средба со почесениот конзул на Република Македонија во Јапонија, со седиште во Токио, г. Масатаке Мацуда. По упатените честитки за назначувањето на оваа високо ценета должност, претседателот Иванов му посака успех и натамошна добра и плодна соработка, изразувајќи надеж дека ќе даде личен придонес во натамошното продлабочување на соработката.
Оценувајќи ги односите меѓу Република Македонија и Јапонија како исклучително значајни, претседателот Иванов искажа задоволство од нагорниот тренд во билатералната соработка со очекување истата во иднина да бележи зголемена динамика на политички план, како и во сферата на образованието, науката, културата. Воедно, македонскиот претседател посебно укажа на потребата од зајакнување на економската соработка меѓу двете земји. Заблагодарувајќи се за приемот, почесниот конзул искажа уверување дека ќе работи посветено на унапредувањето на односите и посебно внимание ќе се фокусира на областите за соработка потенцирани од страна на претседателот Иванов.
|