|
Честитка до претседателот Плевнелиев по повод Националниот празник на Република Бугарија
|
|
|
Почитуван господине Претседател,
Ми претставува особена чест и големо задоволство од името на граѓаните на Република Македонија и од свое име, да Ви упатам срдечни честитки по повод Националниот празник на Република Бугарија.
Дозволете ми во оваа свечена прилика, да го изразам моето уверување дека со заемен ангажман ќе ги јакнеме традиционално пријателските односи меѓу нашите две земји, како и регионалната соработка што ја остваруваме, што претставуваат значаен фактор во функција на остварувањето на стратешките определби на нашите две држави за стабилноста и просперитетот на регионот.
Дозволете ми, господине Претседателе, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|