|
Честитка до претседателот, г-ѓа Грибаускаите, по повод Денот на независноста на Република Литванија
|
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод Денот на независноста на Република Литванија, упати честитки до Претседателот на Република Литванија, Н.Е. г-ѓа Далиа Грибаускаите.
Ваша Екселенцијо,
Имам особена чест и големо задоволство, по повод Денот на независноста на Република Литванија, во име на граѓаните на Република Македонија и во мое име, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и благосостојба на пријателскиот народ на Република Литванија. Дозволете ми, да ја искористам оваа свечена прилика и да изразам задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Литванија.
Изразувајќи ја својата увереност дека односите меѓу нашите две земји и во иднина успешно ќе се развиваат и надградуваат во духот на заедничките заложби за демократска, стабилна, обединета и просперитетна Европа, дозволете ми, Ваша Екселенцијо, да Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|