|
Честитка до претседателот на Народна Република Кина, Ху Џинтао по повод Кинеската Нова година
|
|
|
Ваша Екселенцијо,
Ми претставува чест и задоволство, во мое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви ја честитам кинеската Нова година, со најискрени желби за успешна и бериќетна година и благосостојба на пријателскиот кинески народ. Во оваа свечена прилика би сакал да го изразам своето уверување дека одличните и пријателски односи и плодната соработка меѓу Република Македонија и Народна Република Кина и во иднина ќе продолжат успешно да се развиваат, за што ја повторувам нашата целосна подготвеност. Почитуван господине Претседателе, дозволете ми уште еднаш, да Ве уверам дека граѓаните на Република Македонија и јас, лично, секогаш ќе бидеме благодарни за принципиелната и континуирана поддршка и помош од Народна Република Кина. Со такво уверување и со најискрени желби за Ваша натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|