Честитка до припадниците на српската заедница по повод празникот Свети Сава
Недела, 27 Јануари 2013   

soopcetsПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија. 
 
Почитувани сограѓани,
 
Дозволете ми во мое име и во име на сите граѓани на Република Македонија, да ви го честитам големиот празник Свети Сава.
 
Животописот на Свети Сава е редок пример за посветеност, верба и истрајност. Неговата просветителска улога, знаење и мудрост се духовна крепост на српскиот народ и непресушен извор на вера, надеж и љубов кон Бога, кон себе и кон блиските.
 
Српската заедница во Република Македонија, нејзините традиции и обичаи, слави и историски личности, се неотуѓив сегмент од севкупното културно и општествено живеење во нашата држава. Почитта кон културно-историското наследство на сите етнички заедници во Република Македонија е фундамент во градењето на меѓусебно разбирање и соживот како влог во изградбата на модерна и просперитетна Македонија.
 
Најискрено посакувам празникот да го поминете во мир, среќа и благосостојба.

 д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад