Сочувство до Претседателот Обама, по повод терористичкиот напад врз дипломатското претставништво на САД во Либија
Четврток, 13 Септември 2012   

altПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, по повод терористичкиот напад врз дипломатското претставништво на Соединетите Американски Држави во Бенгази, Либија, упати писмо со сочувство до претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама.

Почитуван Претседателе Обама,

Со длабока тага ја примив веста за терористичкиот напад врз дипломатското претставништво на Соединетите Американски Држави во Бенгази во кој беа убиени американски дипломати, и длабоко жалам за загубените животи.

Во овие тажни моменти за Вас, за пријателскиот американски народ и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите.

Бидете уверени почитуван Претседателе, дека Република Македонија ќе продолжи да ги поддржува напорите на Соединетите Американски Држави за заштита на слободата, демократијата и човековите права во светот.

Ве молам, почитуван Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

Искрено,
Д-р Ѓорге Иванов

  Back<<Назад