| Писмо до претседателот Ѓул по повод 20-години дипломатски односи меѓу Македонија и Турција | |
|
|
Почитуван господине Претседател, Драг пријателе, Воспоставувањето на дипломатските односи меѓу нашите две пријателски земји се случи во турбулентно време, во период кога новата реалност на Балканот, штотуку осамостоената држава Република Македонија, беше проблематизирана, оспорувана и негирана. Навраќајќи се две децении наназад, свесни сме за значењето на ваквиот чекор од страна на Вашата земја, кој го олесни процесот на меѓународното признавање на државноста, самостојноста и пошироката афирмација на Република Македонија во меѓународната заедница. Со задоволство можам да констатирам дека зад нас се дваесет години во кои вкупните односи и соработката меѓу двете пријателски земји континуирано и успешно се градеа, унапредуваа и продлабочуваа. Денес, нив ги карактеризира исклучително високо политичко ниво и развиена соработка во голем број области, изградена правна рамка на билатерални документи, дух на пријателство, меѓусебно разбирање и заемно почитување, како и споделени економски интереси чие зацврстување е заеднички императив. Она што денес посебно сакам да го нагласам, тоа е високата почит и благодарност за силната и принципиелна поддршка која безрезервно ја добиваме од пријателска Турција во реализација на нашите стратешки цели, членство во НАТО, ЕУ и изградбата на Република Македонија во една модерна демократија во која соживотот, дијалогот и почитувањето на различностите се реалност. Почитуван господине Претседателе, На крајот, Ви посакувам, Вам и на граѓаните на Република Турција, остварување на натамошните успеси, а Вам Ви посакувам добро здравје, лична среќа и успех во извршувањето на исклучително одговорната функција. Во очекување на наредната прилика повторно да се сретнеме, Ви ги упатувам изразите на мојата највисока почит. д-р Ѓорге Иванов
|
По повод 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Република Турција на 26 август 1992 година, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо до Претседателот на Република Турција, Абдула Ѓул. Во продолжение следи интегралниот текст на писмото.










