| Честитка до белгискиот крал Алберт II по повод Националниот празник на Кралството Белгија | |
|
|
Ваше кралско Височество, Имам особена чест и големо задоволство, по повод Националниот празник на Кралството Белгија, од мое лично име и од името на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за натамошна благосостојба на нејзините граѓани. Дозволете ми, во оваа свечена пригода, да ја изразам мојата увереност дека и во иднина успешно ќе се развиваат добрите односи и меѓусебното разбирање меѓу нашите пријателски држави. Сакам да го подвлечам интересот и подготвеноста на Република Македонија, за натамошно унапредување на соработката во сите сфери од заеднички интерес. Посакувајќи Ви натамошна успешна работа, добро здравје и лична среќа, Ви ги упатувам, Ваше Височество, изразите на моето највисоко почитување. д-р Ѓорге Иванов
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до Кралот на Белгијанците, Алберт II, по повод Националниот празник на Кралството Белгија:










