|
Честитка до Кралицата Елизабета II - Националeн празник на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
|
|
|
Ваше Кралско Височество,
Имам особена чест и задоволство, по повод Вашиот роденден, во годинава кога се одбележува дијамантскиот јубилеј од Вашето 60-годишно владеење на престолот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, во свое име и во име на граѓаните на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки и најискрени желби за Ваше добро здравје и лична среќа. Дозволете ми, на граѓаните на Обединетото Кралство да им посакам натамошна благосостојба и просперитет.
Во оваа свечена пригода, го поздравувам постојаниот развој на традиционално добрите односи и соработката меѓу нашите две пријателски држави. Посебно, сакам да го истакнам интересот на Република Македонија, за натамошно унапредување на севкупните односи со Обединетото Кралство, особено за интензивирање на политичкиот дијалог и соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Ваше Височество, во оваа прилика сакам да се заблагодарам за поддршката која Вашата земја и ја дава на Република Македонија во остварувањето на нашите највисоки стратешки цели. Изразувам уверување дека и во натамошниот период, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска ќе продолжи да ја поддржува Република Македонија и ќе ги цени нашите достигнувања за полноправно членство во Европската унија и во НАТО.
Со такво уверување, Ваше Кралско Височество, Ви ги упатувам изразите на моето највисоко почитување.
Д-р Ѓорге Иванов
|