|
Честитка до Кралицата Маргарит II по повод Националниот ден на Кралството Данска
|
|
|
Ваше Височество,
Имам особена чест и задоволство, по повод Националниот ден на Кралството Данска, во име на граѓаните на Република Македонија и во свое име, да Ви упатам најсрдечни честитки и искрени желби за просперитет на Вашата земја и за благосостојба на пријателскиот дански народ.
Во оваа свечена пригода, го поздравувам постојаниот развој на традиционално добрите односи и соработката меѓу нашите две пријателски држави. Дозволете да ја искористам оваа пригода и да изразам надеж дека поддршката од Кралството Данска за европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија ќе продолжи и во периодот по данското претседавање со Европската унија.
Со такво уверување, Ваше Височество, Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување.
Д-р Ѓорге Иванов
|