Писмо со сочуство до Емирот на Катар, Шеикот Ал Тани, за загубените животи во пожарот во Доха
Вторник, 29 Мај 2012   

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до Н.Е. Емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа ал Тани, за жртвите во пожарот во Доха:

Со длабока тага ја примив веста за големата трагедија, пожарот во трговскиот центар во Доха, чии пламени јазици зедоа бесценети човечки животи. Искрено жалам за загубените животи во оваа голема несреќа.

Во овие тажни моменти за Вас, за пријателскиот народ на Катар и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од име на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Ве уверувам дека во овие моменти на тага, нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите.

Ве молам, Ваше Височество, изразите на сочувство да ги пренесете до пријателскиот народ на Катар.

д-р Ѓорге Иванов


  Back<<Назад