|
Средба со делегација на ИВЗ предводена од Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи
|
|
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска прими делегација на Исламската Верска Заедница предводена од Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи.
На средбата, која се одржа на барање на Реис ул Улема Сулејман ефенди Реџепи беа разменети мислења за актуелните состојби во Исламската Верска Заедница, како и за нивото на меѓуконфесионалниот дијалог во Македонија во целина. Поглаварот на ИВЗ го запозна Претседателот Иванов со приоритетите на исламските верници во Република Македонија.
Претседателот Иванов укажа дека, како и досега, од првиот ден на неговиот мандат, со својот авторитет ќе се заложи за натамошно градење на добри и продуктивни односи меѓу сите верски заедници во Република Македонија, и за унапредување на позитивната улога на верските заедници во општествениот живот во целина.
|