| Хрватска да биде лобист за интеграција на регионот - Средба со претседателот на хрватското Собрание, Шпрем | |
|
|
Како што и двајцата соговорници заклучија, размената на успешни и конструктивни посети на највисоко ниво е уште еден доказ за взаемното почитување, пријателство и интензивната соработка меѓу Македонија и Хрватска. Парламентарната димензија на соработката е од исклучително значење и придонесува за натамошно продлабочување на односите. Претседателот Иванов изрази благодарност за отворената поддршка од страна на Република Хрватска за интеграциите на Република Македонија во ЕУ и НАТО, како и за јасниот став на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ дека билатералните прашања не смеат да влијаат врз индивидуалниот пат на која било држава кон Европската унија. Претседателот уште еднаш истакна дека успехот на Хрватска со приклучувањето кон Унијата е успех и поттик за целиот регион, но и дека очекувањата на Република Македонија и на останатите земји од регионот се Република Хрватска да биде еден силен лобист за забрзана интеграција во евро-атлантските структури. Во поглед на економската соработка претседателот Иванов и претседателот на хрватското Собрание, Шпрем се согласија дека трговската размена меѓу двете земји е на задоволително ниво и бележи нагорен тренд, но дека секако постои простор за натамошно продлабочување.
|
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес во својот Кабинет го прими претседателот на Собранието на Република Хрватска, Борис Шпрем.










