Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија
Среда, 28 Декември 2011   

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во Дом на АРМ присуствуваше на новогодишната претстава, организирана за децата на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија, како и за децата на припадниците на Армијата кои служат во мисии во странство.

Претседателот Иванов на децата им посака годината што доаѓа да им биде полна со здравје, среќа, успех во учењето и радосни детски денови исполнети со смеа.

По новогодишниот прием и претставата со Дедо Мраз, во Домот на АРМ, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња од Претседателот Иванов.

На приемот присуствуваше и Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Горанчо Котески.


  Back<<Назад