| Новогодишни пакетчиња за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија | |
|
|
Претседателот Иванов на децата им посака годината што доаѓа да им биде полна со здравје, среќа, успех во учењето и радосни детски денови исполнети со смеа. По новогодишниот прием и претставата со Дедо Мраз, во Домот на АРМ, на децата им беа поделени новогодишни пакетчиња од Претседателот Иванов. На приемот присуствуваше и Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал мајор Горанчо Котески.
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во Дом на АРМ присуствуваше на новогодишната претстава, организирана за децата на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија, како и за децата на припадниците на Армијата кои служат во мисии во странство.










