Претседателот во работна посета на Министерството за одбрана и Генералниот штаб на АРМ
Петок, 02 Декември 2011   

altПретседателот и врховен командант на вооружените сили на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денес оствари работна посета на на Министерството за одбрана и Генералниот штаб на АРМ. Во фокусот на денешните разговори со министерот за одбрана, Фатмир Бесими беа новата формациска поставеност и ангажирањето на АРМ во меѓународните мисии во 2012 година, анализата на одбранбената дипломатија, буџетот на одбраната, како и приоритетите на Министерството за одбрана и АРМ за 2012 година.

Претседателот Иванов нагласи дека е за пофалба тоа што по неколку години намалување, за следната се предвидува зголемување на одбранбениот буџет, што ќе се одрази на севкупниот амбиент во АРМ, но и ќе овозможи догодина 20-годишнината 20 години од основањето на АРМ да се одбележи како што доликува на Армија која е подготвена да биде членка на НАТО.

„Од нашиот удел и обврските кои ги имаме превземено и ги извршуваме, ние се однесуваме како да сме членка на НАТО. Нашите мировници продолжуваат во мировните мисии, а тоа особено важи за мисијата ИСАФ, каде и следната година се предвидува да имаме 161 претставник, а предвидено е да се зголеми и учеството во мировните операции предводени од ОН,“ изјави претседателот Иванов по редовната работна посета на Министерството за одбара и на ГШ на АРМ.

Тој, исто така, истакна дека Армијата е институцијата во која граѓаните имаат најголема доверба, изразувајќи очекување дека таа перцепција на граѓаните и понатаму ќе продолжи.
 

  Back<<Назад