Средба со Делегација на Се-кинескиот Народен Конгрес
Петок, 16 Септември 2011   

kineski_kongresПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска оствари средба со претставници на делегацијата на Секинескиот народен конгрес, предводена од потпретседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес, г. Санг Гуовеи.

На средбата заемно беше констатирано високото ниво на односите меѓу Република Македонија и Народна Република Кина кои ги карактеризира дух на пријателство, меѓусебно разбирање, висок степен на доверба, како и успешна соработка во повеќе области.

Претседателот Иванов нагласи дека Република Македонија останува цврсто и принципиелно на ставот за постоење на една Кина и истакна дека никогаш нема да ја заборавиме поддршката од Народна Република Кина уште од најраните денови на нашата независност, а особено принципиелната употреба и ставот кон нашето уставно име.

Македонскиот претседател оддавајќи признание за постигнувањата направени преку големите реформи, како и издигнувањето на Народна Република Кина како една од најмоќните економии во светот, го изрази интересот за зголемување и за унапредување на економската соработка меѓу двете земји.

Потпретседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес, г. Санг Гуовеи, истакна дека Народна Република Кина високо ја цени позитивната улога на Република Македонија во регионот, и го почитува и поддржува патот и изборот на стратешките цели на земјата. Изразувајќи задоволство од економската соработка, меѓу двете земји во последните години, која бележи нагорен тренд, г. Гуовеи подвлече дека во иднина е неопходно продлабочување и интензивирање на оваа соработка.


 

  Back<<Назад