Писмо со сочувство до Претседателот Медведев, по повод авионската несреќа во Јарослав
Петок, 09 Септември 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов испрати писмо со сочувство до Претседателот на Руската Федерација, Дмитриj Медведев, по повод авионската несреќа во Јарослав.

Почитуван господине Претседател,

Со длабока тага ја примив веста за авионската несреќа во Јарослав и искрено жалам за загубените животи во оваа голема трагедија.

Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и семејствата на настраданите и повредените, но и на бројните навивачи на хокејската екипа „Локомотива Јарослав“, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, нашите молитви се со Вас и семејствата на настраданите.

Ве молам, господине Претседателe, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите.

Д-р Ѓорге Иванов
 

  Back<<Назад