|
Претседателот Иванов присуствуваше на свеченото отворање на новиот Аеродром Александар Велики
|
|
Вторник, 06 Септември 2011
|
|
|

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денес присуствуваше на свеченото отворање на новиот Аеродром „Александар Велики“ во Скопје, заедно со премиерот Никола Груевски, владиниот економски тим, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, бројна турска бизнис делегација и граѓани на Република Македонија.
Новиот аеродром кој е обновен и модернизиран со најсовремена технолошка опрема според сите светски стандарди, од страна на концесионерот – турската авио-компанија ТАВ, има капацитет да опслужува четири милиони патници годишно.
Инвестицијата во овој значаен инфраструктурен проект ќе придонесе кон напорите за забрзување на економскиот раст, привлекување на нови инвестиции и туристи. Со оглед на фактот што е најмодерен аеродром на Балканот, а поради стратешката локација, се очекува да прерасне во клучен Балкански транспортен центар.

|