Средба со Министерот за одбрана Бесими и Началникот на Генералштабот на АРМ Котески
Вторник, 06 Септември 2011   

mo-ngs

Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили д-р Ѓорге Иванов денеска оствари координативна средба со Министерот за одбрана Фатмир Бесими и со Началникот на Генералштабот на АРМ, Генерал Мајор Горанчо Котески.

Целта на оваа прва средба во ваков состав беше координација во однос на стратегиските приоритети и проекти од делокругот на одбраната и безбедноста до крајот на годината, каде уставни надлежности и компетенции, овластувања и одговорности имаат Претседателот на Република Македонија, Министерот за одбарана и Началникот на Генералштабот на АРМ.

На средбата стана збор за идните реформски процеси и претстојната трансформација на Армијата на Република Македонија, ангажманот на АРМ во меѓународните мисии раководени од НАТО, ЕУ и ООН, се координираа гледиштата во сферата на одбранбената дипломатија, а се разговараше и за други тековни состојби во Армијата на РМ и Министерството за одбрана.
 

  Back<<Назад