Гласање на вториот круг на претседателските избори 2019
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на вториот круг на претседателските избори 2019 година гласаше во избирачко место во средното училиште „Јосип Броз Тито" во Скопје.
„Како и сите граѓани, и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред, и веќе вечер да дознаеме кој ќе биде петтиот претседател на Република Македонија. На идниот претседател му посакувам да ги исполни сите ветувања, затоа што тоа граѓаните го очекуваат од него и да го сочува достоинството на институцијата Претседател. Како што кажав и минатиот пат, очекувам многу помирен мандат, да се справува со сите предизвици и да наоѓа решенија со сите институции за добробитта на Македонија, на нејзините граѓани и за остварување на стратешките цели кои си ги имаме поставено", рече претседателот Иванов.

|