Средба со министерот за одбрана на Република Турција, г. Хулуси Акар
|
|
Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Хулуси Акар, Министер за одбрана на Република Турција.
На средбата беше разговарано за билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција, за соработката во областа на одбраната и безбедноста, како и за актуелните состојби поврзани со интеграцијата на Република Македонија во НАТО.
Претседателот Иванов и министерот Акар го истакнаа интензивното ниво на соработка меѓу двете земји во областа на одбраната, преку редовни контакти на ниво на министерства за одбрана и на армиско ниво.
Во тој контекст, македонскиот претседател ја поздрави соработката во областа на одбраната и изрази задоволство од севкупната поддршка која Армијата на Република Македонија ја добива од страна на Република Турција, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка, преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии.
Двајцата соговорници, изразија подготвеност за натамошно јакнење на билатералните односите и за продлабочување на меѓу-армиската и безбедносната соработката.
|