Претседателот Иванов ќе престојува во официјална посета на Република Австрија
Сабота, 18 Јуни 2011   

altПретседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов од понеделник, 20 јуни 2011, ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Австрија, на покана на австрискиот Претседател Н.Е. д-р Хајнц Фишер.

Покрај средбите со неговиот австриски колега Фишер, Претседателот Иванов ќе ја посети и Стопанската комора на Австрија, придружуван од Министерот за одбрана, Зоран Коњановски.

Тет-а-тет средба е предвидена и со федералниот канцелар Вернер Фејман.
 

  Back<<Назад