|
Свечено менување на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија
|
|
|
Во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија денеска се одржа церемонија на свечено менување на државното знаме. На церемонијата присуствуваа претседателот Иванов и ученици од ООУ „Кочо Рацин" од Кратово и ОУ „Браќа Миладиновци" од Скопје.
Промената на државното знаме на Република Македонија пред Кабинетот на Претседателот го изврши гардиската единица на Армијата на Република Македонија.
Церемонијата е со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Македонија како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.
|