|
Честитка за реизборот на Претседателот на Португалија
|
|
Четврток, 27 Јануари 2011
|
|
|
 По повод реизборот на Анибал Кавако Силва за Претседател на Португалската Република, Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати телеграма со честитка -
Ми претставува особена чест и задоволство да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Вашиот повторен избор на функцијата Претседател на Португалската Република. Воедно, Ви упатувам искрени желби за успешно извршување на одговорната функција, добро здравје и лична среќа.
Длабоко сум убеден дека во периодот што ни претстои ќе го развиваме и зајакнуваме пријателството меѓу нашите две земји и народи. Верувам дека со заеднички ангажман можеме да придонесеме за продлабочување и интензивирање на односите и соработката меѓу Република Македонија и Португалската Република во сите сфери од заеднички интерес, како на билатерален, така и на мултилатерален план. Во таа насока, сакам да Ве уверам во мојата и на Република Македонија целосна подготвеност.
Со такво уверување, Ви ги упатувам, Ваша Екселенцијо, изразите на моето највисоко почитување.
д-р Ѓорге Иванов
|