Новогодишен прием за децата на припадниците на Армијата на Република Македонија
Понеделник, 27 Декември 2010   


Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов денеска присуствуваше на новогодишниот прием организиран за децата на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија, како и за децата на припадниците на Армијата кои служат во мисии во странство.

Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов на децата им посака многу радост, желби за успех во училиштата и среќа во годината што доаѓа.

По новогодишниот прием и претставата со Дедо Мраз, во Домот на АРМ, во организација на Министерството за одбрана на околу 180 дечиња им беа поделени новогодишни пакетчиња.

На приемот присуствуваа и заменикот министер за одбрана на Република Македонија Емил Димитриев и Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија генерал потполковник Мирослав Стојановски.

  Back<<Назад