Средба со г. Михаил Швидкој, специјален претставник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка
Вторник, 06 Октомври 2015   

Eftimovic_specijalen_pretstavnik_na_Putin_Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска го прими г. Михаил Ефтимович Швидкој, специјален претставник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка.

На средбата беше изразено задоволство од високото ниво на соработка, што ја рефлектира духовната, културната и јазичната поврзаност меѓу двете држави. Соговорниците ја истакнаа подготвеноста за потпишување на програмата за соработка во областа на културата, образованието, науката и спортот за периодот 2016-2019 година.

Во рамките на соработката е и промоцијата на „Православната енциклопедија" – најголемото енциклопедиско издание за православното христијанство, а во издание на Руската Православна Црква.

  Back<<Назад