Иванов: Македонија ја почитува и прифаќа Бошњачката заедница
Понеделник, 28 Септември 2015   

BOSHNJACIПретседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов вечерва присуствуваше и се обрати на свечената прослава по повод Меѓународниот ден на Бошњаците.

Во рамки на македонскиот модел на соживот, Република Македонија ја почитува и ја прифаќа Бошњачката заедница со сите нејзини посебности и специфики како нераздeлив дел, им порача на присутните претседателот Иванов, додавјќи дека суштината на нашиот модел е сфаќањето дека другите култури и религии не се закана за нечиј идентитет, туку потенцијален извор на негово збогатување.

„Затоа, ние ја почитуваме и ја прифаќаме различноста. А почитувањето и прифаќањето се темелат врз меѓусебната доверба. Наш завет е и во иднина да градиме мостови на пријателства и заедно да чекориме кон нашата заедничка европска иднина", истакна во своето обраќање претседателот Иванов.

Претседателот Иванов во име на македонските граѓани уште еднаш им го честиташе празникот на сите припадници на Бошњачката заедница и го поздрави формирањето на Здружението на Бошњаците од Македонија како непартиско и надпартиско здружение.

На свечената прослава свое обраќање имаа и претседателот на Бошњачката културна заедница во Македонија, д-р. Џемил Бектовиќ, и претседателот на Здружението на Бошњаците од Македонија, г. Сеад Кочан.

Свеченоста беше збогатена со изложба на слики на професорите Фехим Хусковиќ и Трајче Блажевски, како и со културно-уметничка програма.

  Back<<Назад