|
Средба со претставниците на Пoлио Плус
|
|
Понеделник, 29 Ноември 2010
|
|
|
 Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов ги прими претставниците на здружението на граѓани Полио Плус, предводени од претседателот на здружението Звонко Шаврески.
Повод за средбата беше 10 годишниот јубилеј од постоењето на Полио Плус како и претстојното одбележување на 3 декември меѓународниот ден на лицата со инвалидитет.
На средбата Претставниците на Полио Плус, го информираа Претседателот Иванов за активностите на нивната организација и актуелната проблематика со која се соочуваат лицата со хендикеп ставајќи посебен акцент на процесот на ратификација на конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.
Претседателот Иванов изрази поддршка за досегашните активности на Полио Плус и истакна дека тој како Претседател апсолутно го подржува што поскорешното ратификување на конвенцијата.
Претседателот Иванов нагласи дека ќе го вложи својот авторитет во насока на понатамошно подобрување на правата на лицата со хендикеп како преку одобрувањето на законската легислатива така и преку нејзиното доследно имплементирање.
|